Онлајн-играч на Лото 7 доби шестка вредна над 5.000 евра

0
124
Foto

Најголемата добивка од претходното коло Лото 7, во вредност од 348.297,50 денари, е 6-ка од одиграна комбинација преку онлајн-платформата на Државна лотарија.

Извлекувањето од 33. коло се реализира на 25 април, во сабота. Добитникот, со иницијали Р.Т., верува во среќата, има 31 година, живее и работи во Гевгелија и станал онлајн-учесник во игрите на среќа со оглед на новонастанатата ситуација.

„Нашиот онлајн-добитник, во саботата, од удобноста на својот дом во Гевгелија, во 13:27 часот, ги уплатил и одиграл своите 8 комбинации Лото 7, а вечерта го следел ТВ-извлекувањето. Кога беа извлечени броеви 3, 5, 6, 7, 25, 31 и 36, не можел да верува дека на екранот ги видел наредени сите броеви од вториот до седмиот од својата прва одиграна комбинација, сите освен првиот кој го оддели од 7-ка“, информираат од Државна лотарија.

Иако не ја открил симболиката на броевите, Р.Т. во телефонскиот разговор соопштил дека редовно ги игра токму овие броеви затоа што имаат огромно значење за него.

Од уплатениот депозит за игра, во вредност од 300 денари, одиграл 160 денари и за таа сума добил 348.297,50 денари, или над 5 000 евра.

По средствата нема да доаѓа на ниту една од благајните на Државна лотарија, што е една од најголемите предности на онлајн-играњето Лото 7 и Џокер.

Во телефонскиот разговор добитникот споделил дека е редовен лото-играч, но поволноста за онлајн-учество во Лото 7 и Џокер решил да ја користи согласно ситуацијата.

Досега имал помали добивки, најмногу од играта на среќа Џокер, кои ги користел за понатамошна игра, но ова е првата добивка која преку корисничкиот профил ќе си ја префрли на трансакциска сметка.

Р.Т. од Гевгелија е првиот онлајн-учесник на игрите на среќа на Државна лотарија што освои поголема добивка.

Иако Државна лотарија ја овозможи услугата за онлајн-уплата и учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер уште во октомври минатата година, токму во сегашни услови се гледа дека е повеќе од добредојдена.

„Нашиот најнов добитник упати многу позитивни коментари за практичноста и едноставноста на онлајн-уплатата и учеството во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, истакнувајќи ја предноста што може да се игра од дома (место во вакви времиња да оди на продажно место). Како најголема предност ја издвои брзата исплата на средства“, информираат од Државна лотарија.

Никогаш не размислувал каде би ги потрошил парите доколку му се падне 7-ката, иако првпат среќата го донела толку близу до неа, но сепак оваа добивка би ја искористил за патување кое одамна го посакувал, секако откако ќе се среди ситуацијата со коронаирусот.

„Честитајќи му на Р.Т. од Гевгелија, потсетуваме на предностите за онлајн-учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, како и на актуелната кампања ‘300 + 100’“, се вели во соопштението на Државна лотарија.

Повеќе информации играчите може да добијат на социјални медиуми, на броевите на центарот 02 323 7777 и вибер-бројот 076 313 052 како и на www.loto.mk