Отворени парковите и шеталиштата во Србија, набргу ќе се отворат и градинките

0
63

Во Србија отворени се парковите и шеталиштата, а дозволени се и тренинзи на отворен простор.

Српскиот министер за образование, Младен Сарчевиќ, изјави за „Блиц“ дека градинките во Србија ќе бидат отворени на 11 мај.

„Мерките за ублажување се договараат со експертите и според нивните процени. Детските градинки ќе почнат со работа на 11 мај. Сепак, ова првично ќе биде наменето за родителите што се враќаат на своите работни места и не би требало да дојде до масовно враќање мали деца во градинките“, Рече Сарчевиќ додавајќи дека има околу 225.000 деца во предучилишните установи и оти очекува приближно 50 проценти од нив да се вратат во градинките.

Во Србија, каде што досега се потврдени 8.497 заразени со коронавирус, починаа 168 лица, а 1.260 оздравеле.