Победа на денот: Од коронавирус излекувана 85 годишна баба од Прилеп

0
294
Фото

Прилепчанката Елена Макалоска, која има 85 години, е највозрасниот пациент излекуван од Ковид-19 на инфективното одделение во Прилеп.

Информацијата ја сподели Општата болница – Прилеп на социјалните мрежи.

„Денес, имаме и причина за славење. Најстариот излекуван пациент од Ковид-19 на нашето инфективно одделение. 85-годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал“, велат од болницата.