„Владата нè дискриминира“

0
153

Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Италија се огласи со соопштение по последната објава на Министерството за култура и спорт. Владата на Италија вчера најави постепено укинување на мерките за заштита од коронавирусот. Новите мерки предвидуваат дека на оние што се занимаваат со индивидуални спортови, ќе им биде дозволено да тренираат од 4 мај.

Преостанатите, тука се мисли на екипните спортови, со тренинзи ќе може да почнат две недели подоцна.

„Асоцијацијата на фудбалери е револтирана и изненадена од оваа одлука на Владата. Сметаме дека одлуката е нелогична и дискриминаторска. И спортистите, кои се дел од професионалните тимови, може да тренираат индивидуално“, се наведува во соопштението.

„Оваа одлука носи поголем ризик од повреди. Професионалните спортисти мора да тренираат, паузата беше долга, буквално секој ден е значаен. Се надеваме дека владата итно ќе интервенира и ќе ја коригира одлуката“.