Во Црна Гора трет ден по ред нема нови случаи на заразени

0
149

Во Црна Гора ни денеска нема потврдени случаи на коронавирус, а од последниот пресек тестирани се 81 примерок, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во земјата веќе неколку дена по ред нема новозаразени.

Од почетокот на пандемијата во Црна Гора регистрирани се вкупно 321 заразен.

Најмногу од нив биле во Подгорица – 163, Тузи – 37, Бар – 23 и Улцињ – 22.