Николовски: Нема да има масовни собири за избори

0
121

На претстојните парламентарни избори задолжително ќе биде носење маска и одржување два метрА безбедносна дистанца. Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вели дека и кампањата ќе биде без масовни собирања и почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот. Кампањата ќе почне кога коронавирусот ќе биде ставен под контрола, а Николовски вели дека намалувањето на бројот на новозарзени и драстичното зголемување на бројот на оздравени пациенти води кон тоа.

„Факт е дека одржувањето дистанцата, одржувањето на потребното растојание од два метра и користењето на заштитените маски ќе останат наше секојдневие и понатаму. Тоа ќе биде секојдневие и тоа ќе бидат мерки како дел од целокупните активности – општествени, партиски, државни, а тие ќе бидат дел и од секојдневниот живот на граѓаните. Тоа значи и во контекст на изборниот процес, кој се наметнува по справувањето со коронавирусот и ставањето во контрола и по намалувањето на новозаразените и зголемувањето на бројот на оздравени, одејќи кон ова нормално општество, секако дека дистанцата и заштитните маски ќе бидат дел од целокупниот овој процес, вклучително и изборниот процес. Секако, почитувајќи ги сите мерки, ние ќе избегнуваме и нема да има масовни собири, ќе се избегнуваат сите групни собирања и сè повеќе ќе се користат комуникациските, дигиталните и електронските елатки, вклучително и во кампањата што ни претстои“, рече секретарот Николовски.

Изборите, кои требаше да се одржат на 12 април, беа одлoжени со воведувањето на првата вонредна состојба на 18 март.