Вернер не е заинтересиран за трансфер во Баерн

0
81

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер најверојатно ќе го напушти Лајпциг во претстојниот преоден рок. Интерес за него има кај неколку врвни европски клубови. Самиот вели дека не би сакал трансфер во Баерн Минхен.

Вернер за „Билд“ ја исклучил можноста да ги засили редовите на Баерн, доколку реши да го напушти Лајпциг би одбрал понудата од некој странски тим. Според медиумите Ливерпул се фаворити за неговиот потпис.

„Баерн е одличен клуб. Ханс Флик покажа дека е добар тренер. Сепак доколку решам да го сменам клубот тогаш би заминал и од Бундеслигата. Сакам да се испробам и во некој друг шампионат, тоа за мене би бил вистински предизвик“, рекол Вернер.

„Сепак јас не инсистирам на трансфер бидејќи и клубот треба да добие понудат која ќе ги задоволи барањата. Овде се чувствувам одлично, а доколку пристигне понудат која ќе ги задоволи двете страни тогаш ќе можеме да разговараме за наредниот чекор“.