Коронавирусот пустоши во затворите во САД

0
92

Коронавирусот пустоши по затворите во САД, така што во некои казнени институции заразени се речиси сите затвореници, но и дел од вработените во затворите, со што е отежнато давањето на здравствена помош и грижа за позитивните на Ковид-19.

Во затворот Марион во сојузната држава Охајо е најголемата стапка на заразени во американските затвори, каде се позитивни повеќе од 80 отсто од вкупно 2500 затвореници, а на вирусот се позитивни и 175 вработени лица.

Бројот на починати од вирусот е во пораст во казнените институции ширум земјата, а надлежните немаат решение, бидејќи неможат да обезбедат физичка дистанца во преполните затвори, а соочени се и со недостиг на медицински персонал и заштитна опрема.

Во американските затвори има вкупно 2,3 милиони затвореници.

Затворите се рангираат на осмото место на листата на најзаразени локации во САД, според Њујорк Тајмс. Првите две места на списокот се домови за нега на стари лица и крузери. Федералната администрација на затворите, каде се 152.000 затвореници и 36.000 вработени, пријавила инфекции во повеќе од половина од 122 затвори со кои управува.