Мицкоски: Економијата ни тоне, оваа власт нема стратегија како понатаму

0
107

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев по повод 117 годишнината од неговата смрт. Тој по завршување на настанот одговараше на новинарски прашања, а беше прашан за тоа какво лето не очекува од економски аспект.

Прашање: Господине Мицкоски какво лето ќе не очекува од аспект на економијата, ликвидност на Буџетот, постои ли опасност да не можат да се исплатат плати, пензии со оглед на тоа што се зборува за сериозен пад на БДП и сериозен недостаток на средства во државната каса бидејќи не работи економијата не собира данок?

Тоа е вториот момент, лицемерието кое што владее кај Зоран Заев е огромно и не само кај Зоран Заев туку кај неколкумина кои што останаа се уште негови слепи послушници, избори по секоја цена а како ќе излеземе ние на тие избори кога не ги знаеме ефектите од економијата односно економската криза како резултат на Ковид 19. Со кои проекти и со кои програми ние ќе излеземе пред граѓаните, што ќе ветуваме или за нив ветувањето и зборот тежи колку ланскиот снег? Ние сме политичка партија која што кога ќе вети сакат тоа и да го испорача, а за да вети мораме да имаме вистински бројки со какви последици ќе се соочи македонската економија. Еве јас ќе коментирам сега во мај нешто што се случи во март. Вие имате индустриско производство во март кое што е паднато некаде околу 14 проценти, имате број на вработени во индустријата која што е за 4 ипол проценти помал во март 2020 година споредено со март 2019 година. Денеска добив информации дека Управата за јавни приходи која што генерално го полни 70тина проценти Буџетот на државата има некаде за околу 55 милиони евра помалку собрано пари во април од тоа што го планирала, или да бидам попрецизен планирала околу 8 милијарди и 900 денари а собрала околу 5 милијарди и 600 денари, 3,3 милијарди денари помалку собрала или од почетокот на годината до денеска собрала за 105 милиони евра помалку, планирале околу 31 милијарда, а собрале некаде околу 24 и 700.

Врз основа на кои параметри ние ќе го планираме растот на Македонија, односно врз кои параметри ќе ги планираме идните капитални инвестиции, поддршката за цивилниот сектор, поддршката за здравствените работници, поддршката за образовните работници, поддршката за администрацијата, поддршката за бизнис секторот, за пензионерите, за младите и останатите. Мора да имаме вистинска навигација, ако ние сега во мај зборуваме за март, тогаш логично е во јуни да зборуваме за мај или за јуни, затоа велам мораме да имаме принципи и врз основа на принципи треба политички да функционираме. Не е прашањето дали на избори ќе излеземе со маска или со ракавици, прашањето е дали можеме некој човечки живот повеќе да спасиме ако тие избори се случат некој месец подоцна и прашањето е кога ќе излеземе пред граѓаните, што ќе ветуваме, да знаеме тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го испорачаме.  Знам дека на нашиот политички противник ветувањата не му се добра страна, но за разлика од нив јас сакам да продолжам во животот и после политиката, тоа што го оставиме сега како трага во политиката, треба да не прати низ целиот наш живот, а не да веднеме глава кога ќе се среќаваме со граѓаните по улица.