Петгодишник фатен зад волан, одел во Калифорнија за да си купи „ламборгини“

0
73

Едно петгодишно момче било фатено како го вози автомобилот на своите родители на автопат во Јута на пат за Калифорнија да си купи „ламборгини“, пренесува „Њујорк пост“.

Детето возело неколку километри од неговиот дом во Огден на автопатот I-15 додека не го запрела државната полиција во Јута.

Полицајците првично помислиле дека возачот е инвалидизирано лице, но наскоро откриле дека нивниот прекршител всушност е дете со страст за луксузни автомобили.

Момчето им рекло дека си заминало од дома по расправија со мајка си во која таа одбила да му купи „ламборгини“. Затоа, тој реши да оди сам.

„Можеби ќе имаше проблем во купувањето бидејќи во неговиот паричник имаше само 3 долари“, се пошегува државната полиција на Твитер.

Нивниот пост вклучува фотографија од момчето во сив џемпер и шарени шорцеви во автомобилот на родителите. Полицијата не спомна казна за момчето, но родителите сигурно го пратиле гладен в кревет.