Реваншот Јуве-Лион на 8 август?

0
107

Вториот меч од осмина-финалето на Лигата на шампионите на Јувентус против Олимпик Лион е закажано за 8 август, тврди францускиот „РМЦ спортс“ од извори на УЕФА.

Според нивните извори, УЕФА веќе одржала состанок со претседателите на водечките европски клубови и се одредил датум, 8 август, кој би бил достапен ако дотогаш се завршат домашните шампионати. Останува нејасно каков ќе биде форматот за од четврт-финалето натаму и дали ќе се задржи практиката на два натпревара.

Четири четвртфиналисти веќе се познати во Лигата на шампионите (ПСЖ, Аталанта, Атлетико Мадрид, РБ Лајпциг), а треба да се одиграат вторите мечеви од пресметките Реал Мадрид – Манчестер сити, Челси – Баерн Минхен, Лион – Јувентус и Наполи – Барселона. Лион има 1:0 предност од првиот меч во Франција.

ОСМИНА-ФИНАЛЕ, ЛШ

Борусија Дортмунд (Гер) – Пари-Сен Жермен (Фра) 2:1, 0:2

Аталанта (Ита) – Валенсија (Шпа) 4:1, 4:3

Атлетико Мадрид (Шпа) – Ливерпул (Анг) 1:0, 0:1, 3:2 по продолжение

Тотенхем (Анг) – РБ Лајпциг (Гер) 0:1, 0:3

Реал Мадрид (Шпа) – Манчестер сити (Анг) 1:2

Челси (Анг) – Баерн Минхен (Гер) 0:3

Лион (Фра) – Јувентус (Ита) 1:0

Наполи (Ита) – Барселона (Шпа) 1:1