Стотици верници на улиците во Струга среде пандемијата на коронавирусот

0
151

Стотици верници се собраа на улиците во Струга среде пандемијата предизвикана од коронавирусот по повод традиционалната литија.

Некои од нив, како што може да се забележи на снимките, не носат маски, а спротивно на владините мерки не се почитуваше ни препорачаната дистанца.

Одржувањето на литијата претходно беше најавено на официјалната страна на Бигорскиот манастир, но таму беше наведено дека поради пандемијата, ќе учествуваат само свештени лица.

Според владината уредба за спречување на ширењето на Ковид-19, забрането е собирање повеќе од пет лица на едно место.