ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо метропола од Скопје, среде плоштад прави полјана

0
148

Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој наместо од градскиот плоштад да направи простор што ќе доликува на метропола, тој создаде полјана, обвини Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Чудни се естетските критериуми на Шилегов и за скопјани е несреќно долго најавуваното доуредување на плоштадот Македонија кон делот на ГТЦ каде на најфреквентното место Шилегов вметна зелена трева со што го ограничи просторот на движење на граѓаните онаму каде тоа е потребно. Градот Скопје станува експеримент на фрустрациите, хировите и криминалните експерименти на Шилегов“, велат советниците.

Доколку оправдувањето на скандал-мајсторот Шилегов, додаваат тие, е дека посочената парцела е приватна сопственост, тогаш тој е градоначалник цели три години и зошто не ја дооформил парцелата и ставил под владение на градот, а дури потоа да врши доуредување на просторот.

„Ако парцелата не е на градот Скопје, тогаш кој ја создаде полјаната што е дел од проектот на Петре“, се наведува во соопштението.