Војник во Белата куќа има коронавирус, се тестираше и Трамп: Резултатите се негативни

0
109
Foto

Припадник на армијата на САД, кој работи во близина на американскиот претседател Доналд Трамп, е позитивен на коронавирусот, соопшти Белата куќа.

„Претседателот и потпретседателот се тестирани, тие се негативни и нивното здравје е сè уште добро“, рече портпаролот.

Кога се појавила информацијата за позитивниот тест на војникот, потпретседателот Мајк Пенс доставувал медицинска опрема во центар за рехабилитација, а претседателот Доналд Трамп бил во Вашингтон, каде што подоцна требало да присуствува на повеќе настани.

Телевизијата Си-ен-ен објави дека станува збор за офицер на морнарицата, кој работи како личен помошник на Трамп.

Персоналот на Белата куќа редовно се тестира на коронавирус, а на новинарите што доаѓаат во близок контакт со службените лица им се проверува телесната температура пред да влезат во медиумскиот простор.