ВМРО-ДПМНЕ: Матни тендери во време на пандемија

0
85

СДСМ во време на пандемија склучуваат матни тендери, а граѓаните немаат ни за леб, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За три години откако СДСМ е на власт Македонија доби хибриден режим, три години неспособност, криминал и сиромаштија. Македонија поради неодговорноста на власта на СДСМ и Заев уште пред почетокот на кризата создаде буџетска дупка од 120 милиони евра со што секое семејство во Македонија го задолжи со 250 евра нов долг. Таа дупка, поради ненавремените и лоши мерки се проценува дека ќе порасне до крајот на година на речиси 1 милијарда и 300 милиони евра.

Додека СДСМ си тера предизборен маркетинг секој ден граѓани заболуваат и умираат од корона вирусот. Епидемијата за жал ја користат и за догазување на достоинството на граѓаните или за некој нов матен тендер. Розовите очила во СДСМ ќе ги донесат до изборен пораз кој што ќе им биде неминовен, кога и да се одржат изборите“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.