Нови 22 заболени од коронавирус, а 64 оздравени

0
128

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 64 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 17, Куманово – 9, Прилеп – 12, Тетово – 3, Струга – 12, Охрид – 9, Гостивар – 1 и Кичево – 1.

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаја на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 13, Прилеп – 2 и Тетово – 7, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати – 91, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и во согласност со ова последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 563, активни 128
• Куманово – 408, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активни 2
• Прилеп – 178, активни 58
• Тетово – 117, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 107, активни 49
• Битола – 23, активни 4
• Охрид – 15, активни 0
• Кавадарци – 5, активен 1
• Гостивар – 19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 2
• Делчево -1, активен 1
• Валандово – 1, активен 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активен 1

Направените 145 теста се преку: ИЈЗ – 122, Ветеринарниот факултет – 0, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 17, „Систина„ со PCR-метода – 0 и МАНУ – 6. Досега во земјата направени се вкупно 19.241 тестирање на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 2 пациенти сомнителни на Ковид-19, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и во Тетово хоспитализирани се 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19