Пендаровски се сретна со претставници на партијата Македонска алијанса за европска интеграција од Албанија

0
63

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, го прими Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција во собранието на Република Албанија. Пратеникот Стерјовски беше придружуван од Таќо Гроздани, генерален секретар на партијата.

На средбата беше разговарано за актуелната состојба шредизвикана од пандемијата на Ковид-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите во кои живее македонско население во земјата.

Соговорниците го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија во насока на унапредување на положбата на Македонците во Албанија, како и односите меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски констатира дека Северна Македонија и Албанија имаат одлична соработка, а работата на Македонската алијанса може да придонесе кон унапредување на релациите, како и поврзување на заедниците во двете земји.

Покрај добрите соседски односи, двете земји сега имаат проширена можност за соработка како членки на НАТО, како и размена на искуства во европската интеграција.