„Аѕурите“ слават 110 години италијанска репрезентација

0
94

Италијанската фудбалска репрезентација денеска го слави својот 110. роденден, откако на 15 мај 1910 година ги пречекаа Франција во својот прв официјален меч, почнувајќи едно големо ривалство.

И покрај тоа што италијанското знаме е тробојка (зелено, бело и црвено), тие го играа првиот меч во сина боја, која беше бојата на кралското семејство на Савоја, кои тогаш беа кралеви на Италија. Со името „Gli Azzuri“ (или сините), тие го одиграа првиот меч во Милано и стигнаа до импресивна 6:2 победа над француската репрезентација, која беше основана шест години претходно.

Првиот селектор, Умберто Меаца (не е во сродност со легендарниот Џузепе) ги постави Италијанците во 2-3-5 формација, која беше нормална тогаш, а Пјетро Лана од Милан го постигна првиот гол во историјата на Италија, за потоа да го комплетира хет-трикот.

Од своето основање, Италијанците можат да се пофалат со четири титули светски прваци (1934, 1938, 1982, 2006), загубија уште две финалиња (1970, 1994), како и една европска титула (1968) и два порази во финалињата (2000, 2012).