Пендаровски: ДИК не е надлежна да кажува кога може да има избори

0
78
Foto

ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори. Ако политичарите кажат да има, тие тоа ќе го испратат во рамки на законската рамка. Сега имаме една законска рамка, ако понатака се донесе нова, тие тоа ќе го испочитуваат“, порача претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност.

„Во однос на тоа што ДИК го достави, таму се цитираат законските рокови кои се неопходни за да извлечеме еден транспарентен кредибилен процес. Тоа што ДИК не го кажува и не може да го каже бидејќи не е нејзина надлежност, е датумот на избори. Кога политичките лидери ќе решат да има избори, ќе ѝ се кажат тие работи на ДИК, тие ќе се приспособат, тие одат според законите. Членовите на ДИК се врвни професионалци сосема независно по кој пат се дојдени таму, јас имав посебна средба со нив. Она што го знам е дека за материјалот кој го доставија до мене, сите биле ’за‘. И да повторам, ДИК не е надлежна да кажува кога може да има избори. Ако политичарите кажат да има утре, задутре, тие велат тоа ќе го испратат во рамки на законската рамка“, изјави Пендаровски во врска со мислењето коешто го добил денеска од ДИК во однос на изборниот процес, кое беше побарано по минатата лидерска средба.

Тој вели дека три работи од минатата лидерска средба биле побарани од надлежните институции. „Во однос на миниторинг мисијата ОБСЕ/ОДИХР. министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред два дена, разговараше со шефот на таа организација и доби уверување дека ќе има на писмено за колку време тие се подготвени и дали се воопшто подготвени во услови на пандемија да ги мониторираат нашите избори.Втора работа, беше побаран документ од Комисијата за заразни болести, кој веќе е изготвен и каде се кажуваат сите потребни протоколи за спроведување на изборите. Клучна проценка во него е дека се додека не се најде вакцина, односно лек за овој вирус, изборите било каде во светот, не само тука, па веројатно и догодина, ќе мора да се бидат спроведуваат под посебен режим“, рече претседателот.

Тој рече дека траењето на вонредна состојба од 14 дена нема никаква корелација со датумот за избори и дека тоа е посебна тема која ќе биде дискутирана на лидерска средба идната недела.

Пендаровски денеска прогласи нова вонредна состојба од 14 дена, а не од 30 како што бараше Владата.Вонредната состојба ќе трае до 30 мај.