Лукаку во Интер кани тројца сонародници

0
69

Напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку кани тројца свои сонародници и колеги од репрезентацијата да дојдат на „Џузепе Меаца“.

Станува збор за Дрис Мертенс, Јан Вертонген и Томас Муние. Овие тројца по завршувањето на сезоната ќе станат слободни фудбалери, што значи дека Интер може да ги донесе без да плати обесштетување.

Мертенс се уште се премислувал дали да остане во Наполи, додека за Вертонген и Муние е јасно дека ќе заминат од Тотенхем, односно Пари Сен Жермен.