Работник се повредил во фабрика во Скопје, починал во болница

0
153

Педесет и едногодишен работник во фабрика во Скопје се повредил на работното место, по што бил пренесен во болница каде што починал.

Според информациите на МВР, вчера во полиција од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје.

По излегување на местото на настанот, полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа.

Поврдениот им подлегнал на повредите.

Не се познати повеќе детали за настанот.

Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.