Изгоре кровната конструкција од угостителскиот објект ‘’Рустикана’’

0
61

Пожар го зафатил угостителскиот објект ‘’Рустикана’’ во Скопје. Имено, на 15.05.2020 во 11.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на кровната конструкција од угостителскиот објект ‘’Рустикана’’.

Пожарот веднаш бил локализиран од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема. Се уште не се познати причините за избувнувањето на пожарот.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.

Се работи на расветлување на случајот.