Фудбалерите на Лацио одбиле намалување на платите

0
83

Фудбалерите на Лацио го одбиле предлогот на претседателот Клаудио Лотито за намалување на платите.

Лотито од своите фудбалери побарал да им бидат намалени платите за март и април.

Доколку Серија А не продолжи наскоро, тогаш Лотито ќе биде приморан да побара намалување на платите и за мај и јуни.

Одделно фудбалерите не го прифатиле предлогот, конечното решени е ќе биде донесено во наредните денови кога ќе биде одржан заеднички состанок.

Состанокот ќе се одржи кога капитенот Сенад Лулиќ ќе се врти од Швајцарија.