Во Куманово пукано од автомобил во движење

0
72

Во кумановската полиција во вечерните часови на 18 мај било пријавено дека на улицата ЈНА, лице што управувало автомобил со непознати регистарски ознаки, испукало три куршуми од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што биле пронајдени и подигнати три патрони.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.