Дајмлер го сака Фетел во Мерцедес!

0
76

Дајмлер, матичната компанија на Мерцедес, лобира Себастијан Фетел да го донесе во Формула 1 тимот во 2021 година, сметајќи дека не смее да се пропушти шансата врвен германски возач да вози врвен германски болид.

Иднината на Фетел во спортот останува една од нерешените енигми оваа пролет, откако тој и Ферари потврдија дека ќе се разделат на крајот на сезоната по шест години заедно, а другите „места“ во спортот беа пополнети – Даниел Рикардо потпиша за Мекларен, а Карлос Саинс Јуниор го презеде неговото место во Ферари.

Бидејќи Мерцедес се тимот кој уште не ги потврди возачите за 2021, а Луис Хамилтон и Валтери Ботас ја отслужуваат последната година од нивните договори, се веруваше дека Фетел чека на „сребрената стрела“.

Според италијанските медиуми, бордот на Дајмлер сака договор со Германецот, но засега се чека на одлуката на Тото Волф, кој се обидува да се договори со Хамилтон, а би сакал да го заддржи и Ботас уште една сезона. Сепак, самиот Волф неодамна призна дека е тешко да се игнорира дека Фетел е слободен возач и дека потпис со него би бил фантастичен од маркетиншка гледна точка.