Велешанка пронајдена мртва во нејзиниот стан

0
163

Во велешката полиција на 17-ти месецов било пријавено дека во нејзиниот стан на улица „Д-р Христо Татарчев“, била пронајдена почината 85-годишна велешанка.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, а на местото на настанот бил извршен увид.