Во Словенија еден случај на Ковид-19 во последните 24 часа

0
78

Во Словенија е потврден еден нов случај на коронавирус во последните 24 часа, а тестирани се 981 лице.

Вкупниот број заразени сега е 1.468, а бројот на починати е 104. Во болница на лекување се 23 пациенти, а четворица се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Словенија тестирани се 71.951 лице.

Словенија е првата земја во Европа што прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, но некои рестриктивни мерки сè уште се во сила.