Досега се тестирани вкупно 1340 лица во рамки на скринингот на ризични групи

0
111

Министерството за здравство информира дека согласно статистиката на Институтот за јавно здравје, до денес во рамки на скринингот на населението со ПСР тестови, вкупно се тестирани 1340 лица, од кои позитивни на Ковид-19 се 2 лица.

Скринингот се врши преку Центрите за јавно здравје во лабораториите на Институтот за јавно здравје и МАНУ. Од досега направените 1.340 тестирања, 732 се извршени во лабораторијата на ИЈЗ и 608 во лабораторијата на МАНУ.

Преку ЦЈЗ Скопје тестирани се 608 вработени во градинки, 322 се тестирани преку ЦЈЗ Битола, 324 преку ЦЈЗ Велес и 2 преку ЦЈЗ Кочани. Позитивни се два случаи и тоа еден вработен во градинка Битола и еден вработен во детска градинка во Скопје, од општина Чаир.

Преку ЦЈЗ Скопје освен вработени во градинките тестирани се и 84 вработени во геронтолошки установи, сите се негативни на Ковид-19.

Со скринингот кој започна на 14 мај, планирано е да се опфатат вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други ризични групи. Скринингот се прави со ПСР тестови со цел да се идентификуваат асимптоматските носители односно луѓе кои се заразени, а не се свесни заради тоа што немаат симптоми на болеста.