„Ренџ ровер“ не застанал на полициска наредба, кога го пронашле, возачот се претставил како директор

0
72

За време на полицискиот час, синоќа, околу 21.20 часот, на тетовската улица Илинденска, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.

Возачот не застанал и продолжил со движење кон Гостивар.

Во 21.40 часот на наплатната рампа кај Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија пат“.

Од МВР информираат дека по наредба на јавен обвинител, на лицето ќе му биде издаден платен налог по член 211 став 4, кој предвидува казна од 300 евра за возачите кои не се придржуваат до наредбите на униформирани полициски службеници.