Штипјанец уапсен кога полицијата го затекла без заштитна маска

0
75

Во попладневните часови на 20 мај полицијата привела 27-годишник од Штип затоа што на улицата Сремски фронт при контрола било утврдено дека постапувал спротивно на уредбата за задолжително носење заштитни средства на лицето.

Од МВР информираат дека при проверка на неговиот идентитет тој агресивно се однесувал кон полициските службеници.

По комплетирање на случајот, против 27-годишникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.