Коронавирусот остави 2,5 милиони луѓе без работа во САД

0
34

СВЕТ

Коронавирусот остави 2,5 милиони луѓе без работа во САД

Објавено пред 11 час – 21 мај, 2020

ОдМакфакс

Во САД речиси два и пол милиони граѓани минатата недела аплицирале за надокнада за невработени, покажуваат новите податоци на владата на САД, коишто ги отсликуваат сериозни економски последици од пандемијата на коронавирус.

Барања на надокнада за невработеност биле поднесени од 2.438 милиони граѓани на САД минатата недела, според податоците на Министерството за труд. Податоците за претходната недела се ревидирани и сега покажуваат дека се поднесени 2.687 милиони апликации, скоро 300 илјади помалку од првично објавените. Сојузната држава Конектикат минатата недела објави дека бројките биле погрешно протолкувани.

Сепак, бројките се намалуваат во однос на март, кога мерките за карантин беа во пол ек и рекордни 6,867 милиони Американци аплицирале за обештетување.

Поради карантинските мерки со кои е стопирана стопанската активност, САД забележаа најголема невработеност од Големата криза во 1930-тите години.