Полициски час од недела од 11 часот до вторник до 5 часот

0
37

Владата донесе одлука полицискиот час овој викенд и за време на празниците Бајрам и Свети Кирил и Методиј да трае од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро“, објави премиерот Оливер Спасовски.