Екс-репрезентативец на Србија извршил самоубиство

0
38

Поранешниот репрезентативец на Србија Миљан Мрдаковиќ извршил самоубиство во својот дом во Белград. Според српските медиуми Мрдаковиќ се самоубил во изнајмен стан во Белград, во кој живеел со својата девојка.

„Седнал на креветот, рекол: ‘Не можам повеќе’ и се самоубил. Девојката избегала од станот и повикала полиција“, пишуваат српските медиуми.

Мрдаковиќ си пукал во главата.

Миљан Мрдаковиќ е роден во 1982 година, кариерата ја започнал во младинскиот тим на Раднички Ниш.

На 16 годишна возраст заминал во Андерлехт, а во Србија се вратил во 2002 година во ОФК Београд. Потоа играл за Гент, Австрија Виена, Салцбург, Металист Харков, Макби Тел Авив, Виторија Гимараеш, Шандонг, Аполон, АЕК Ларнака, Џангсу, Еносис, Верија и Танпинес Роверс.

За репрезентацијата на Србија настапил на олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Во кариерата одиграл 397 натпревари, постигнла 150 голови.