37 новозаразени лица од вирусот, најмногу во Скопје и Куманово, оздравеле 11 пациенти

0
45

37 лица се заразиле од вирусот во последните 24 часа, Ова пред малку го соопштија од министерството за здравство преку Фејсбук.

-Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на корона вирус, стои во соопштението.

– Скопје 12; Куманово 8; Штип 2; Прилеп 2; Тетово 7; Струга 4; Охрид 2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19.