Артур прифати да оди во Јувентус, Пјаниќ во Барселона

0
58

Миралем Пјаниќ е веќе многу блиску до дресот на Барселона, откако бразилскиот фудбалер за врска Артур Мело прифати да се пресели во Јувентус.

Тимот од Торино, за услугите на Пјаниќ, не сакаше да прифати никаква друга замена освен Артур. Но, Бразилецот досега одбиваше да замине од каталонскиот тим, за да сега, како што пренесуваат Шпанците, конечно се согласил во иднина да го носи црно-белиот дрес.

Артур во моментов тренира со вториот тим на Барселона во очекување на преселбата во Италија. И тренерот на Барселона, Кике Сетиен во разговор за „БеИН спортс“ не сакаше да ја коментира иднината на Артур што јасно кажува дека тој е пред заминување од клубот.