Касилјас признава дека жали за заминувањето од Реал

0
33

Икер Касилјас признава дека жали на начинот со кој се раздели со својот матичен клуб Реал Мадрид, на петгодишнината од заминувањето од „Сантијаго Бернабеу“, ветувајќи дека евентуално ќе се врати.

Шпанскиот великан го одигра последниот меч за Мадрид пред пет години, кога замина во Порто на 34 години по 16-годишна кариера со „кралевите“. Многу фанови на клубот сметаа дека тој е „истеран“ од клубот.

„Ретко зборував за моето заминување од Реал Мадрид. Бев на прес-конференција сам, што беше голема грешка, и заминав. Поминаа пет години откако ја поминав границата со Португалија. Ми беше потребно да чувствувам нешто поинакво. Нова околина, без толку критики. Во Порто го почувствував тоа. Да не ви кажувам други работи“, напиша Касилјас на Инстаграм со фотографија од последниот меч за Реал, 7:3 победата над Хетафе на 23 мај 2015.

Касилјас во февруари ја почна кампањата за да стане претсдател на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), откако минатиот мај имаше срцев напад на тренинг со Порто и се пензионираше од спортот.

Со Мадрид тој освои пет титули од Ла лига и три од Лигата на шампионите, а за шпанската репрезентација оствари 167 настапи и беше капитен при победата на Светското првенство во 2010 и Европското првенство во 2008 и 2012.