Полјаците вршат притисок на ИХФ, Македонија има четири конкуренти за вајлд-карта за СП 2021

0
42

Македонија и дефинитивно ќе има четири конкуренти за добивање вајлд-карта за настап на Светското првенство во Египет, на почетокот од следната година.

Покрај Македонија, во игра за вајлд-карта од Европа се Русија, Србија, Црна Гора и Полска. Најголемите конкуренти на Македонија се Русија и Полска. Полјаците веќе почнаа и со отворен притисок кон ИХФ, нагласувајќи дека не смее да останат без настап на СП 2021 затоа што во 2023 година тие ќе бидат домаќини на ракометниот Мундијал.

„Ако Полска биде организатор на Мундијалот во 2023 година, тогаш нашата репрезентација треба да има привилегиран статус и да учествува на СП 2021“ – велат од Ракометната федерација на Полска.

Дoсега се познати 28 учесници на СП 2021 во Египет, а останува уште да бидат доделени две вајлд-карти. Македонија има сериозни шанси да биде една од двете селекции кои ќе најдат место на собирот на најдобрите во светот.