Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

0
132

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство.

Од Клиниката за урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.

Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45-годишна возраст од Скопје и маж на 40-годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.

На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.