Ноќеска намерно запален „Опера паб“ во Скопје

0
90

Пожарот што вчера околу 3 часа по полноќ, среде полициски час се случи на терасата од угостителскиот објект „Опера паб“, бил подметнат, но уште се трага по сторителот. Имено, камерите на објектот регистрирале маскирано лице како истура бензин на терасата и потоа ја пали. Објектот се наоѓа на булевар „Гоце Делчев” веднаш спроти неодамна пеплосаната „Фонтана“. Сопственик е 52-годишникот Г.Н. од Скопје.

Г.Н. тврди дека добил совет од надлежните приватно да го гони сторителот, оти наводно материјалната штета не била голема. Сепак според него, испукани биле прозорци покрај другото на терасата што било оштетено.

Овој пожар се случи неколку дена откако до темел изгоре „Фонтана“ кај Мавровка. Имаат ли двата случаи некаква поврзаност? Дали се пронајде причината за пожарот во „Фонтана“? За сега нема одговор на овие прашања.