Во последните 24 часа во Хрватска нема нови случаи на Ковид-19

0
77

Во последните 24 часа во Хрватска не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус, со што вкупниот број на заболени останува 2.244.

Досега се тестирани 62.422 лица, од кои 940 во последните 24 часа.

Од болница се испишани тројца пациенти, со што вкупниот број на хоспитализирани е 78 лица. Од нив, шест пациенти се на респиратор.

Вкупниот број на оздравени е 2.035, а во последните 24 часа оздравеле осум пациенти.

Во изминатото деноноќие починало едно лицe, со што вкупниот број на смртни случаи е 100.