И Серија А доби зелено светло за рестарт

0
80

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора даде зелено светло за рестартирање на Серија А и потврди дека ќе побара од премиерот Џузепе Конте да дозволи враќање на 13 јуни, наместо да се чека до 20 јуни.

Состанокот помеѓу Спадафора, Лега Серија А, асоцијацијата на фудбалери и Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) се покажа како одлучувачка за враќање на лигата која е паузирана од 9 март поради епидемијата на корона вирусот.

Бидејќи остануваат четири меча од 25. коло (Аталанта-Сасуоло, Интер-Сампдорија, Торино-Парма и Верона-Каљари), тие мечеви прво ќе се одиграат на 13 јуни, по што целото 27. коло ќе се оддржи на 20 јуни.

Пред тоа да се случи, Спадафора ќе треба да добие дозвола од премиерот Конте, кој претходно потпиша декрет со кој спортот е во пауза до 14 јуни.

Научниот технички комитет (ЦТС) на италијанската влада денеска го одобри медицинскиот протоколо за мечевите, кој е сличен на тој што се утврди за продолжувањето на тренинзите со контакти. Во него останува точката дека ако еден фудбалер или друг член на тимот бидат позитивни на КОВИД-19, целиот тим останува во изолација 14 дена во нивниот тренинг-центар.

Клубовите и лекарите бараа овој период да се намали на 7 дена и се надеваат дека тоа ќе се смени доколку продолжи падот на новозаразените – во моментов има 48.000 активни позитивни случаи во Италија.