Премиер лигата се рестартира на 17 јуни

0
57

Премиер лигата ќе ја рестартира сезоната 2019/20 на 17 јуни со мечевите Астон вила-Шефилд јунајтед и Манчестер сити-Арсенал, објавува „Би-би-си“, објаснувајќи дека се работи за два меча кои се „заостанати“ од претходното коло.

Целосно коло во најбогатата европска лига потоа ќе се игра во текот на викендот од 19 до 21 јуни, откако сите 20 клубови од лигата се решиле дека е време да се почне со работа.

Со оваа одлука, клубовите ги очекува напорна работа да ги вратат фудбалерите во форма за мечеви за три недели по над три месеци неактивност. Клубовите се вратија на тренинзи во мали групи минатата недела, по што оваа недела се дозволи и тренирање со контакти како дел од „втората фаза“ од проектот за рестартирање.

Германската Бундеслига веќе одигра три кола од рестартираниот шампионат, шпанската Ла лига најави враќање на 8 јуни, додека се очекува и италијанската Серија А да започне во средината на јуни. Француската Лига 1 веќе донесе одлука за прекин на шампионатот.