Англичаните ќе го доиграат и ФА-купот

0
106

Англичаните вчера објавија дека сезоната во Премиер лигата ќе продолжи на 17 јуни, а денес потврдија дека ќе продолжат и натпреварите во ФА-купот. Ова натпреварување стигна до четврт-финалето.

Повеќе нема дилеми дека ФА-купот ќе биде завршен. Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 27 и 28 јуни. Полуфиналните мечеви ќе се играат на 11 и 12 јули,а финалниот меч е закажан за 1 август.

Во четврт-финалето ќе играат Лестер – Челси, Њукасл – Манчестер сити, Шефилд Јунајтед – Арсенал и Норич – Манчестер јунајтед.

„Ова натпреварување е дел од англискиот фудбал речиси 150 години. Сакам да изразиме благодарност до управата на Премиер лигата и сите клубови на поддршката и желбата натпреварувањето да се одигра“, порачал во петокот извршниот директор на Фудбалската асоцијација на Англија.

Иако ФА ги одреди датумите, оставен е простор да има и промени и поместувања.