Со коронавирус се заразени преку 6 милиони луѓе во светот

0
72

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони, покажуваат податоците од Интернет страницата Ворлдометерс.

Како што се наведува на сајтот, со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.,658 се излекувани.

Најтешка е ситуацијата во САД, каде со коронавирусот се заразени повеќе од 1,7 милиони луѓе, додека 104.542 починале.

На второ место по број на заразени е Бразил, а потоа следуваат Русија, Шпанија, Велика Британија и Италија.

После САД, најголем број смртни случаи регистрирани се во Велика Британија, а на трето место е Италија.