Усвоен протоколот за функционирање на градинките по вонредната состојба

0
111

На предлог на Министерството за труд и социјална политика на вечерашната владина седница е усвоен Протоколот за активности во градинките по укинување на вонредната состојба, изработен во соработка со Комисијата за заразни болести.

Со овој Протокол се определуваат постапките и обврските на установите, на воспитно-згрижувачкиот кадар и на родителите, инфромираат од владината прес-служба.