Во Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

0
70

Седум дена по ред во Нов Зеланд не е потврден ниту еден нов случај на коронаворус.

Здравствените власти соопштија дека во моментов има само еден активен случај на Ковид-19 и дека нема ниту еден пациент во болница, објави локалниот весник „Нов Зеланд Хералд“.

Властите од денеска дозволија собири со 100 луѓе.

Министерот за финансии, Грант Робертсон, ги опиша напорите на Нов Зеланд во борбата против Ковид-19 како „неверојатно добри“.