„SpaceX“ првпат испрати астронаути во вселената

0
67

Вчера успешно беше лансирана во вселената ракетата „Фалкон 9“, во која беа и двајца астронаути на НАСА. Странува збор за ракета на компанијата SpaceX на Елон Маск.

По 13 минути од лансирањето капсулата се одвои па ракетата.

Ова е прв пат Американците да лансираат во вселената комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни компании.

Астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен ќе патуваат до Меѓународната вселенска станица 19 часа.

За Маск, ова е уште еден огромен успех на неговите ракети со кои тој сака да ги направи летовите поевтини и почести.