Владата во Шпанија ќе побара нова вонредна состојба

0
98

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека ќе побара од Парламентот уште едно, последно двонеделно продолжување на вонредната состојба воведена поради пандемијата.

Вонредната состојба треба да истече на 7 јуни, а Владата ќе побара продолжување во наредните денови. Вонредната состојба и овозможи на Владата да воведе забрани и ограничувања за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Забраните и ограничувањата селективно се попуштаат по региони, во зависност од тоа колкумина се заразени и колку региони се подготвени за можен втор бран на заразата.

Сепак, поголемите собирања и забави се причината за поголемиот број на заразени од коронавирусот деновиве, кога земјата се обидува да се врати во нормала после неколкумесечниот карантин поради епидемијата, пишува весникот „Ел Паис“.

Се наведува дека на една роденденска забава се заразиле 18 лица и сега мора да бидат во самоизолација, а во помалку случаи имало и ширење на заразата и на семејни собири.

Шпанските власти постојано ги повикуваат граѓаните да не престануваат да се штитат и строго да се придржуваат кон мерките во секоја фаза.

Во Шпанија од коронавирус досега починаа 27.000 луѓе