ВМРО-ДПМНЕ: Стануваме балканска Ломбардија, а 4 дена имаме 15 починати

0
141

Неодговорноста на Заев и неговата лажна нормалност ја претвораат Македонија во балканска Ломбардија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттука нагласуваат дека новата лажна нормалност на Заев носи нови црни биланси.

„Додека тие работеа по диктат на Заев како да го спасат од убедлив пораз, бројката на заразени и починати уште повеќе се зголемува. За последните 4 дена имаме 150 нови заболени и 15 починати. Целиот регион има исклучителен успех во справувањето со епидемијата, а Македонија се претвора во балканска Ломбардија. Имаме вкупно 2164 заразени и 131 починати. Со овие бројки Македонија е рекордер по смртност и по заразени во регионот на еден милион жители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија се уште се однесува неодговорно и ноншалантно и се уште прв приоритет им се изборите, мислејќи дека така ќе има мала излезност и нивниот пораз нема да биде катастрофален.