Георгиевски го засили Вардар

0
109

Уште еден ракометен репрезентативец од наредната сезона ќе настапува во Македонија. По Филип Талески договор со Вардар склучи и Гоце Георгиевски. Десното крило во наредните две сезони ќе го носи црвено-црниот дрес.

Георгиевски изминатите три сезони беше играч на ЧСМ Букурешт. Пред неколку дена тој беше избран во тимот на сезоната во Романија.

Првите девет сезони во кариерата (2006-2015) Герогиевски ги мина во Металург, со тимот од Автокоманда шест пати го освоил првенството. Пред да се пресели во Романија една сезона мина во Тулуз.

Георгиевски е петтото засилување за Врадар по Робин Кантегрел, Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Филип Талески